Филипче: ВМРО-ДПМНЕ работи на богатење на елитите
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „Независен“ ја потенцираше разликата меѓу политиките на СДСМ и актуелната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека граѓаните сè повеќе ја чувствуваат тежината на штетните економски политики на Владата.
„Нашите мерки беа насочени кон граѓаните, додека политиките на ВМРО-ДПМНЕ се целосно насочени кон богатење на елитата. Едноставно е неверојатно дека денес, кога сите големи економски кризи се зад нас, Владата на ВМРО-ДПМНЕ на ‘чист економски терен’ спроведува политики што буквално ги осиромашуваат граѓаните,“ изјави Филипче.
Тој посочи дека СДСМ седум години работеше на создавање модел на деполитизиран и одржлив економски раст преку јасна методологија. „Тоа значеше дека платите, пензиите и социјалната помош ќе растат независно од тоа кој е на власт – дали е тоа Филипче или Мицкоски. Ова беше вистинска реформа, вистинска деполитизација,“ истакна Филипче.
„И што направи Мицкоски? Едноставно го уништи тој систем. Наместо одржлив раст заснован на јасни правила, сега се враќаме на праксата на изборно купување гласови. Пензии и плати ќе се покачуваат само кога ќе му биде политички удобно, без никаква методологија или систем. Ова е клучното економско назадување што го видовме во овие седум месеци,“ додаде тој.
СДСМ продолжува да работи во интерес на работниците и сите граѓани, дури и како опозиција. „Сите наши предлози за намалување на цените, за раст на платите и за подобрување на буџетот преку над 200 амандмани беа одбиени од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа беа конкретни политики кои ќе го подобреа животниот стандард на македонските семејства. Но, очигледно е дека граѓаните и нивната подобра живеачка не се фокус на Владата,“ нагласи Филипче.
СДСМ ќе продолжи да биде глас на граѓаните и да се залага за политики што ќе донесат вистински напредок и стабилност.
Од денешна перспектива, станува јасно колку нашите политики беа суштински различни од сегашните на ВМРО-ДПМНЕ и верувам дека дури сега граѓаните ќе препознаат колку сме вложиле во нивниот стандард. Нашите мерки беа насочени кон граѓаните, додека политиките на ВМРО-ДПМНЕ се целосно насочени кон богатење на елитите. Едноставно е неверојатно дека денес, кога сите големи економски кризи се зад нас, Владата на ВМРО-ДПМНЕ на „чист економски терен“ спроведува политики што буквално ги осиромашуваат граѓаните, истакна Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Мицкоски да каже за парите од…
Кога наместо да деде одговор на конкретно…
СДСМ го осудува насилството и сценаријата на…
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува…
Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…
Костадинов до ДПМНЕ: ВМРО не е ваша…
Не е проблем што ВМРО-ДПМНЕ не разбираат…
ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…
ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…