Филипче: Во мојот мандат отворивме нов дијагностички центар и набавивме врвен инсулин
„Како и додека бев министер за здравство и како пратеник во иднина ќе се залагам терапијата за дијабетичарите да биде навремена и секому достапна, дури и за време на најголемата здравствена криза во поновата историја“, истакна д-р Венко Филипче кој како носител на листа на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина се сретна со лица со дијабетес од Радовиш и околните региони.
Филипче потсети дека во времето додека тој беше министер беа направени клучни промени во терапијата за лицата со дијабетес: укинување на паралелниот увоз на инсулин, набавка на три нови типови на инсулин, нов дијагностички центар за дијабетес на Клиниката за ендокринологија.
„Ќе продолжам да се залагам за најсовремена терапија и дијабетичарите никогаш да не останат без терапија и без ленти, игли, гликемери. Ќе се залагам за повторно организирање на јавни едукации и трибини во насока на подигнување на свеста за лицата со дијабетес“, рече Филипче.
Филипче порача дека ваквата непосредна комуникација со различните групи ќе продолжи да ја негува и во иднина и додаде дека благодарение на соработката со граѓанските организации и здруженијата на дијабетичарите, развил партнерски однос со нив за подобрување на условите и квалитетот на животот на лицата и децата со дијабетес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ТРАМП НАЈАВУВА МОЖНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОЈНАТА СО…
Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва испрати ново…
Мерц повика на единство на владејачката коалиција…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика на…
Бразил пред тесен изборен финиш: Болсонаро со…
Бразил во недела, на 25 октомври, избира…
Вашингтон барал од Маск да го вклучува…
Администрациите на Џо Бајден и Доналд Трамп…
Хутите тврдат дека извршиле голем напад врз…
Јеменските Хути соопштија дека извршиле широка операција…