Филипче: Двојно ги зголемивме платите на лекарите, од 60.000 на околу 120.000 денари – Ги знам потребите на граѓаните од ИЕ 4

t

Јас бев присутен на состанокот на ЦО и понатака на Конгресот, имаше многу дискусии, но навистина можам да демантирам дека имало било какви кавги, или како што некои пишуваа дека некој го напуштил состанокот, вели во денешното гостување во 360 степени поранешниот министер за здравство и носител на ИЕ 4 од СДСМ, Венко Филипче.

– Тоа е со цел да се покаже дека има некаков раздор во партијата, но тоа е апсолутно неточно. Таму имаше само богата дискусија од која може да се научи, рече Филипче.

Филипче додаде дека за него е особена чест да ја предводи изборната единица четири.

– Јас сум со граѓаните, јас комуницирам со луѓето и сум спремен да помагам секогаш и секако и тоа граѓаните очигледно го вреднуват, вели Филипче кој вели дека ги познава луѓето и нивните потреби во изборната единица четири и откри дека има потекло од таму, поточно од Кавадарци, за кој град го врзуваат убави спомени од детството.

За соработката соработката со Заев Филипче вели дека тие се добри другари, а Заев секогаш го поддржувал во неговите барања и замисли за Министерството за здравство.

– Од таа соработка бенефит имаат граѓаните. На пример платата за која работеа лекарите која беше 60.000 денари, во зависност од дежурствата сега изнесува околу 120.000 денари. 20.000 пациенти со дијабер добија оригинален инсулин, за првпат ги плативме приватните специјализанти, тие добија и здравствени осигурувања. Сега тие плати треба да се зголемат, но тоа сам министер без поддршка од Владата и премиерот не може да го направи. Најголемиот проект за клинички центар беше блокиран во Собранието, додава Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски открива дека Заев има бизниси во…

Иако во минатото во повеќе наврати кажав…

На денешен ден Заев и Димитров беа…

На денешен ден пред 6 години тогашниот…

Децата на политичката елита профитираат од брзите…

Децата на политичката елита профитираат на грбот…

(Видео) Австрија има женска верзија на Заев:…

Изјавата на австриската министерка дека Африка е…

3aeв нema да користи aпaнажа, ќе се…

Поранешниот премиер Зоран Заев од вчера има…