Филипче за две години пандемија не успеа да го организира здравствениот систем
И по две години корона пандемија Венко Филипче не успеа да го организира здравствениот систем, а резултат од неговата работа се повеќе од 8 илјади починати од коронавирусот. Со ова Македонија е на високо петто место на светската листа на починати од корона, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
– „За две години имаше само огромен број на заболени, огромен број на починати, недоволно лекови, недефинирани протоколи за лечење. За пет дена или од понеделникот (03.01.2022) заклучно со петок (08.01.2022) бројката на заболени се зголеми за повеќе од четири илјади лица. Или во понеделникот официјално имаше 4.817 болни, а заклучно со вчерашниот ден 9.166 болни од корона.
И ова е само официјалната статистика на Министерството за здравство.
На ваква ситуација, Филипче, кој е во заминување, не мрдна со прст. Пунктовите и за тестирање и за вакцинирање се затворени 4 дена“, пишува во партиското соопштение.
Оттаму додаваат дека „тешко дека и Димитар Ковачевски и неговиот тим ќе сменат нешто. Бидејќи од досега виденото тој бил само продолжение на заевизмот“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за…
Венко Филипче, кој е познат како личност…
ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани…
Во однос на поканата на Каракачанов до…
Милошоски: СДСМ ги саботира измените на изборното…
ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува инцијативата на министерот за…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче…
Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што…
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги мерат „АРМИИТЕ“…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денес повторно…