Филипче им честиташе на победниците на изборите и најави длабока внатрешна реорганизација во СДСМ

t

Поранешниот министер за здравство и иден пратеник во Собранието, Венко Филипче се огласи по изборните резултати. Тој им се заблагодари на сите кои му ја дале поддршката на изборите и на сите оние кои напорно работеел со него и го поддржувале во кампањата.

-Во кампањата ветив конкретни работи и активности кои започнувам да ги реализирам уште веднаш. Започнувам со активности и како претставник на граѓаните во Собранието, но и како член на СДСМ меѓу членовите и симпатизерите, истакна Филипче.

Носителот на пратеничката листа на СДСМ во изборната единица 4 најави дека неговата партија во следниот период ќе мора да помине низ длабока внатрешна реформа и реорганизација.

-Верувам дека набрзо одново ќе победува и врати достоинството и угледот кој како партија го заслужува. Од поразите секогаш е најважно да се извлечат поуки, само така поразот може да се претвори во победа. Во оваа прилика сакам да им честитам на победниците на изборите и да им посакам успешна работа. СДСМ секогаш ќе биде тука како коректив на владините политики и сите општествени текови, посочи Филипче.

Од ИЕ4, СДСМ ќе има најмногу пратеници во Собранието. Покрај Филипче, тоа ќе бидат Јованка Тренчевска, Миле Талевски, Соња Мираковска и Борче Цветков.

Откако неколку членови и партиски функционери во СДСМ како Фатмир Битиќи, Перо Костадинов и Тренчевска си поднесоа оставки, својата оставка вчера ја даде и потпретседателката на партијата, Сања Лукаревска.

Филипче од претходно ја напушти функцијата потпретседател на СДСМ, каде што екс-лидерот Зоран Заев го кооптираше веднаш откако доби нов лидерски мандат на првите непосредни внатрепартиски избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Филипче се збогyвaше од функциjaта –…

Досегашниот министер за здравство Венко Филипче во…

Филипче: Успешно извршена операција врз млада пациентка…

„Утрово успешно извршивме операција врз млада пациентка,…

(Видео) 8.000 мртви од koвид e yжаcoт…

Македонија предводена од Владата на Зоран Заев…

(Фото+Видео) Која иpонија: За збoгyм Филипче му…

Венко Филипче министерот за здравство во заминување…

Се бара извинување од Ковачевски за 3aeв…

Димитар Ковачевски треба да се извини за…