Филипче испрати писма до ЕУ, вели дека Мицкоски најавил политички прогон

t

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче во името на партијата упатил официјални писма до Европската Унија, Европската комисија, Европскиот парламент, известувачот за Македонија како и амбасадорите на земјите членки на ЕУ во кои вели дека има сериозното нарушување на демократскиот и уставниот поредок, поделбата на власта и владеењето на правото во Македонија.

„Подолг период сведочиме на системско поткопување на поделбата на власта, владеењето на правото и основните принципи на уставноста. Постои реална и основана загриженост дека извршната власт спроведува координирана стратегија за навлегување во судската независност, што укажува на јасна и систематска инсталација на авторитаризам„ стои во писмата кои ги испратил Филипче.

Во соопштението на СДСМ се наведува дека тој директно го посочил премиерот Христијан Мицкоски, со нотирање на „најави со закани врз опозицијата и најавата за политички прогон“:

„Имам чувство, кога набргу, високи функционери од претходната влада на СДСМ, поранешни премиери, претседатели на Влада, нивни блиски од семејството итн ќе бидат опфатени со одредени прогони. Имам чувство не велам дека имам информации, имам чувство.“ Оваа изјава за политички реваншизам претставува директна закана за демократскиот плурализам. Неговото „чувство“ дека ќе следуваат конкретни постапки е транспарентен показател за намера за извршна контрола врз обвинителството и судството, односно подготовка на политички монтирани процеси“, пишува во соопштението на СДСМ.

Тие велат дека премиерот ги претвора државните институции во инструмент за партиска пресметка.

„Со ваквото однесување, користејќи ги двете функции – премиер и претседател на ВМРО Мицкоски ги претвора државните институции во инструмент на партиска пресметка, а истовремено ги користи како заштитен штит за сопствените структури, наведува претседателот Филипче во писмата. СДСМ документира организирана делегитимизација на правосудниот систем и бара итна реакција од европските институции, нагласувајќи дека: „Ваквото однесување е целосно неспоиво со вредностите на држава која претендира за членство во Европската Унија.“ СДСМ останува цврсто посветен на европскиот пат на државата и ќе продолжи да се бори за заштита на демократијата, владеењето на правото и институционалниот интегритет“, соопштија од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…

Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…

Превозниците нема да ги блокираат границите, ќе…

По остварена средба со претставници на дел…

ЕУ ветува 6,1 милијарда евра за Украина,…

Европската унија ќе ѝ обезбеди на Украина…

Камионџиите од регионот најавуваат блокада на граничните…

Превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина…

Поранешна шпанска министерка: Сеута беше „хибриден напад“…

Масовното влегување на околу 80.000 мигранти од…