Филипче: Историските спорови со Бугарија не се дел од европските услови, туку билатерални прашања
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека неодамнешните изјави на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претставуваат потврда на ставовите што СДСМ ги застапува подолг период.
Во објава на социјалната мрежа Икс, Филипче посочи дека историските спорови со Бугарија и работата на Историската комисија не се дел од условите за продолжување на преговорите со Европската Унија, туку претставуваат билатерално прашање меѓу двете држави.
Тој се повика на изјавата на Сиљановска-Давкова дека Македонија треба да се европеизира преку реформи и владеење на правото, а не преку расправи за историјата и идентитетот, како и дека земјата треба да биде оценувана според Копенхашките критериуми. Филипче нагласи дека реформите и исполнувањето на европските критериуми се клучни за напредокот кон членство во ЕУ и порача дека тие не претставуваат закана за македонскиот јазик, култура и национален идентитет. Во објавата тој упати критики и кон премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за, како што наведе, поделби, изолација на државата и запирање на евроинтегративниот процес. Филипче ја заврши пораката со повик за реформи и побрзо придвижување кон Европската Унија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен: Русија се обидува да…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Се бара укинување на ветото во ЕУ,…
11 земји членки на Европската Унија побарале…
Кипар со најголем пад на туризмот во…
Бројот на ноќевања во туристички сместувачки капацитети…
Уапсен 51-годишник од Тетовско, пијан ги нападнал…
Полицијата уапсила 51-годишен маж од тетовско село,…
Нападнат работник на „Градски паркинг“ на паркиралиште…
Вчера во 23:50 часот во СВР Скопје,…