Филипче: Мицкоски нема капацитет да води држава
Мицкоски нема капацитет, желба ниту знаење како се води држава, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во вечерашното гостување во централниот дневник на МТВ 1.
Филипче посочи дека наместо мерки и помош за граѓаните, јавноста го слуша навредливиот речник на Мицкоски и дефокус од реалните проблеми во државата.
„Што прави премиерот кога вие новинарите ќе прашате за нашите мерки? Не навредува со погрдни зборови. Опозицијата СДСМ и јас лично бевме нарекувани мекотели и талог на општеството. Срамота е да се користи таков речник. Човекот нема капацитет, ниту желба, ниту знаење како се води држава. Знае само да купува и продава струја, и тоа го прави се“, рече Филипче.
Во интервјуто, Филипче посочи дека додека граѓаните едвај преживуваат, премиерот Мицкоски се уште не презема конкретни мерки.
„До пред почетокот на кризата една минимална, две минимални плати не беа доволни за потрошувачка кошничка, сега три минимлани плати не се доволни. Луѓето имаат реален проблем, владата ништо не прави.Кога ќе преземе акција владата? Што треба да се случи? Повеќе од 40% има зголемување на цените на горивата, 10% поскапување на основните прехранбени продукти како леб, зејтин, овошјето и зеленчукот се поскапени дури и до 200%, зголемување на цената има на брашното и шеќерот, сè е поскапено во маркетите. Што треба повеќе да се случи?“ потенцираше Филипче.
Притоа, тој додаде дека кризата допрва ќе се продлабочува, а товарот ќе падне врз грбот на граѓаните.
„Ќе кажам една објективна анализа која што излезе пред два дена од состанокот на 27 министри за енергетика на Европска унија. Кризата допрва доаѓа. Ако утре запре војната во Иран, во летните месеци ќе има криза како што досега не сме виделе, не го кажувам јас тоа. Тоа го кажа после тој состанок еврокомесарот за енергетика. А владата повторно не прави ништо. Што прави? Посматра. Што посматра? Немаат капацитет луѓето не сакаат да ги слушнат нашите предлози“, посочи Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и…
Во врска со одлуката на Народната банка…
Ограбена спортска обложувалница во Чаир, на вработениот…
На 30.10.2026 во 23:54 часот во СВР…
Вооружен судир на границата меѓу Јордан и…
Јорданските вооружени сили соопштија дека спречиле обид…
70.000 полицајци на улиците во Франција: Страв…
Франција денеска мобилизира 70.000 полицајци и жандарми…
ХАМНЕИ ИЗДАДЕ ДИРЕКТНА НАРЕДБА ДО АРМИЈАТА: На…
Иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи издал стратешки…