Филипче: Младите не смеат да ги враќаат долговите од 7 милијарди направени за бизнис интерес на власта

t

Во обраќање пред младите социјалдемократи, претседателот на СДСМ, Венко Филипче ја осуди, како што рече, неодговорната и корумпирана власт која ја задолжила Македонија со над 7 милијарди евра, без отчет и без развој.

„Страшно ми е што сите вие, младите, па дури и вашите неродени деца треба да враќаат седум милијарди евра коишто се земени на којзнае каков, на сомнителен начин. Тоа е недозволиво“, рече Филипче.

Тој нагласи дека младите немаат никакви реални можности во сопствената држава, дека системот е нефункционален и дека сè почесто единствен услов за вработување е партиска книшка.

„Целосно неодговорна власт. Ниту има опции, ниту има можности, ниту има какви било индикатори за светла и добра иднина на младите. Единствено нешто што треба да имате е партиска книшка. Тоа значи дека сценариото е – да добиете работа со купена диплома, безполагање англиски, со документ од студиото Јулија од Бугарија. И никому, ама баш никому, око да не му трепне“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Концертот на Гета не помина без инциденти:…

По полноќ, за време на концертот на…

Мицкоски: За сите настани за 35 години…

Повеќедневната прослава на 35-годишнината на независноста на…

Сали: Евроинтеграцијата не може да ја води…

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за…