Филипче: Невидено понижување на државата, претседателката и министрите гордо позираат пред бугарско знаме!

t

Вчера, при официјалната посета на Бугарија од страна на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, се случи невидено погазување и понижување на достоинството на македонската држава и нејзините граѓани, вели во објава на Фејсбук лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче.

– За првпат во историјата на нашата држава, македонски претседател оствари средба со претседател на друга држава без никакви државни обележја.

Да биде скандалот уште поголем, на средбата присуствуваше и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој беше само нем сведок на недоличниот и понижувачки чин. Очигледно е дека ниту еден претставник на македонската делегација не реагирал на ова деградирачко однесување.

Големиот скандал се случи во Софија, токму во соседната земја која е омилена тема на ВМРО-ДПМНЕ за печалење на политички поени преку популистички изјави и ставови.

Додека на домашен план се претставуваат како големи патриоти, на буквално првата средба во Софија гордо позираа пред бугарското, но не и пред македонското знаме. Ниту на средбата на Давкова со Радев, ниту на средбите на министрите на Мицкоски со колегите министри од Бугарија немаше државно знаме.

Остро го осудувам ова понижување на државата и државните симболи. Покрај понижувањето, Давкова од Софија не се врати со ниедна конкретна порака или договор, додека бугарската страна јасно порача дека не отстапува од позициите.

Не слушнавме нуту дали и како Давкова побарала унапредување на преговорите, промена на преговарачката рамка и се што ветуваат. Со еден збор, дипломатска катастрофа на ВМРО-ДПМНЕ и Давкова. – напиша Филипче на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…

Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: БУГАРИЈА ГИ ДРЖИ ВО ЗАЛОЖНИШТВО ЕВРОПСКИТЕ…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека европските перспективи…

„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…

Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради…

Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ)…

Јотова победи кај Бугарите во Македонија

Сега веќе новата бугарска претседателка Илијана Јотова…