Филипче: Нема да знаат каде да бегаат од погрешните политики и тоа ќе не доведе до предвремени избори

t

Предвремени избори ќе има и нема да знаат каде да избегаат претставниците на власта од погрешните политики што ги спроведуваат, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче во интервју за ТВ 21.

Според него, состојбата во буџетот е сериозна, со зголемен дефицит и притисок врз исплатата на плати и обврски кон фондовите, при што прашањето за обезбедување средства станува сè поактуелно. Тој оцени дека се земаат нови заеми со непознати услови, што дополнително ја зголемува финансиската неизвесност.

Филипче предупреди и дека незадоволството кај граѓаните ќе расте, особено во услови на економски притисок и најавени протести од синдикатите. Според него, Владата нема соодветен одговор на овие предизвици и ќе се соочи со јавен револт.

Во своето излагање, тој ја критикуваше работата на Владата, оценувајќи дека недостигаат капацитет, искуство и волја за подобрување на состојбите во државата.

Во интервјуто, лидерот на СДСМ рече и дека граѓаните треба внимателно да ги следат и оценуваат политичките ставови и кредибилитетот на политичарите, потсетувајќи на несполнетите ветувања на премиерот Мицкоски меѓу кои за поништување на Преспанскиот договор, за враќање на името на државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ајзенкот најавува влада за национална спас: Израелците…

Гади Ајзенкот порача дека израелските граѓани гласале…

НЕТАНЈАХУ СО ДРАМАТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Радикалниот ислам ја…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху упати драматично предупредување…

Клековски: Има отпор на Клиниката за онкологија…

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска истакна…

Се деконтаминира „Вардариште“ за осум месеци ќе…

Процесот на „одгасување“ на поранешната депонија „Вардариште“…

Гаши од Рокас го прими Извештајот на…

Претседателот на Собранието, Африм Гаши попладнево од…