Филипче: Нема да има привилегирани поединци на сметка на запоставување на мнозинството

t

Партијата мора да ги штити членовите и да ги вреднува сите подеднакво. Не смее да се дозволат привилегии на поединци на сметка на запоставување на мнозинството. Недозволиво е мал број луѓе да го окупираат времето на цело раководство и затоа ќе направиме систем во кој секој ќе може да има пристап и глас. Ова доликува на демократска партија која е свесна дека кредибилитетот го добива пред сè од своите членови, истакна Венко Филипче при вчерашната посета на општинските организации на СДСМ во Тетово и Гостивар во рамки на неговото претставување пред членството на партијата како кандидат за претседател на СДСМ.

Филипче уште еднаш се заложи дека професионализмот и посветеноста ќе бидат единствен критериум за напредување во партиските структури со што СДСМ ќе се професионализира и ќе функционира како ефикасна организација.

-Професионалноста, трудот и посветеноста на секој член на раководството и телата на СДСМ ќе биде прв критериум за избор на кадрите. СДСМ мора да се професионализира до мера да функционира како ефикасна организација каде секој знае што работи и какви одговорности има. Како претседател ќе се потпирам на вистински професионалци, посветени социјалдемократи кои се спремни во две смени да работат во партијата, а јас лично ќе водам со пример, рече Филипче.

Тој денеска ја продолжува својата кампањата и средбите со членовите на СДСМ во Битола и битолско.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…

Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…

ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…

СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…

Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…

СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…