Филипче: Нема раст на плати, граѓаните едвај преживуваат

t

Претседателот на Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека по речиси две години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски, граѓаните се соочуваат со влошен животен стандард и тешка економска состојба.

Филипче оцени дека граѓаните живеат потешко, со „празни џебови и празни фрижидери“, посочувајќи дека секојдневно се борат да го поминат месецот.

Тој истакна дека, според него, владата нема постигнато резултати ниту во економијата, ниту во подобрување на животниот стандард.

„Две години од владата нема напредок на ниту едно поле, а најголем неуспех има во економијата и животниот стандард“, изјави Филипче, додавајќи дека се случува „економска катастрофа“.

Лидерот на СДСМ посочи и дека граѓаните се соочуваат со ниски приходи и отсуство на мерки за справување со економската криза.

Тој наведе дека нема зголемување на платите и пензиите, ниту мерки за заштита на стандардот, додека синдикалната кошничка достигнува речиси 69.000 денари, а околу 160.000 работници земаат плата до 30.000 денари.

Филипче оцени дека економските показатели се загрижувачки, при што инфлацијата достигнала 5,7%, а зголемените цени на горивата дополнително влијаат врз поскапувањата во сите сектори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Нема раст на плати, граѓаните едвај…

Претседателот на Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека…

Уапсено 29 годишно лице поради објавено видео…

На 22.05.2026 во 16:20 часот во Радовиш,…

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ИВАН СТОИЉКОВИЌ ПОДНЕСЕ ТУЖБА ЗА ФИЛИПЧЕ:…

Потпретседателот на Владата Иван Стоиљковиќ поднесе тужба…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче специјалниот пратеник на Румен Радев…

Прес-конференција на Валентин Манасиевски, ВМРО-ДПМНЕ Стигна потврда…

Мицкоски со честитки до Јанша: Македонија и…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил телефонски разговор…