Филипче не го осуди скандалот на Бугарија со дипломатската нота на семејството на премиерот Мицкоски

t

Филипче не го осуди скандалот на Бугарија со дипломатската нота на семејството на премиерот Мицкоски
SDSS ORG SMK

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение го обвини лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека не реагирал на, како што велат, дипломатскиот скандал предизвикан од објавувањето на дипломатска нота од страна на бугарските власти, во која, според партијата, биле содржани чувствителни информации поврзани со безбедноста на премиерот Христијан Мицкоски и неговото семејство.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека во документот, кој бил објавен на социјалните мрежи, се содржани информации за службените возила, имињата на патниците, местото каде што било сместено семејството на премиерот, како и радиофреквенцијата што ја користело обезбедувањето.

Според партијата, станува збор за дипломатски преседан што, како што наведуваат, директно ја нарушил безбедноста на државниот врв. Воедно, посочуваат дека од официјална Софија сè уште нема извинување за случајот.

Во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ оценува дека молкот на Филипче и СДСМ отвора прашања за нивниот однос кон, како што наведуваат, постапките на бугарските власти и нивните политички приоритети.

Од владејачката партија додаваат дека, и покрај, како што велат, надворешните притисоци, Македонија ќе продолжи по патот на евроинтеграциите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче не го осуди скандалот на Бугарија…

Филипче не го осуди скандалот на Бугарија…

Алајбеговиќ влезе меѓу 10 најмлади стрелци во…

Фудбалерот на Босна и Херцеговина, Керим Алајбеговиќ,…

Трамп: „Храбриот“ Зеленски „се справува доста добро“…

Американскиот претседател Доналд Трамп јавно го пофали…

Зајкова: Македонија и Бугарија немаат нормален добрососедски…

Пратеничката и лидерка на ЛДП, Моника Зајкова…

СЛУЧАЈНОСТ ИЛИ НЕШТО ПООПАСНО? Силни потреси во…

Три силни земјотреси во ист ден ги…