Филипче: Не смее да дозволиме правдата која ја бараат граѓаните да се претвори во партизација, окупација и смена на Судскиот Совет

t

Потребни се темелни реформи на правосудството и тоа го очекуваат граѓаните. Но, реформи кои ќе значат независно и ефикасно судство кое ќе обезбеди правда, пишува на Фејсбук претседателот на СДСМ, Венко Филипче како реакција на најавата на премиерот Мицкоски дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет.

– Не смее да дозволиме правдата која ја бараат граѓаните да се претвори во нова партизација и окупација преку смена на Судскиот Совет од страна на власта.

СДСМ бара следните чекори и реформи во правосудството да се прават со консензус на сите партии во Собранието. Потребен е национален, натпартиски пристап кој ќе обезбеди реформи согласно европските препораки. За тоа е потребно формирање на заедничка работна група во Собранието кое ќе ги дефинира, контролира и заеднички спроведува реформите во овој чуствителен сегмент.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ има искрена намера, ова ќе го прифати. Во спротивно ќе значи дека имаат сосема различни намери. – напиша Филипче на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбија да гласаат за…

Вчера се одржа 70-тата вонредна седница на…

(Видео) Новата советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани…

Новата советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, Нуршен…

Филипче: Институциите вршат притисок врз градоначалниците од…

„Имаме 17 градоначалници и сите можни инспекции…

Филипче: За прв пат после 50 години…

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, денеска…

Шести април нов датум за реизбор на…

Според најавите, ќе се дебатираат актуелните политички…