Филипче- Нити сум понудил нити ме одбил бивш доктор и градоначалник за функција – Тоа се кафеански муабети
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче ги отфрла тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека му понудил функција на некој поранешен градоначалник во раководството на партијата, а тој ја одбил. Вели дека нема таков човек што одбил таква понуда и дека не понудил ништо на никого. Обвинувањата ги препишува на „пресовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се занимаваат со кафеански муабети“.
-Тоа што излегува на социјалните мрежи, го демантирам. Нема никакво раслојување. Навистина има единство со сите луѓе и овие што ги спомнавте. Сите помагаат во процесот како што беше и претходно. Во тој манир ќе продолжиме и понатаму, рече Филипче запрашан за „прозивките“ меѓу екс-претседателот Стево Пендаровски и екс-министерот Љубомир Фрчкоски.
Професорот Љубомир Фрчковски го обвини Пендаровски дека „мешетари внатре во СДСМ“. Фрчкоски ова го кажа во неделата вечер, во гостувањето во емисијата „Во Центар“, под наслов „Кои лоби групи сакаат да го сменат Венко Филипче“. На тоа реагираше Пендаровски кој му порача дека „изјавата е целосно одлепена од јавноста“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски воен сателит опасно се приближил до…
Руски воен сателит се приближил на околу…
ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…
Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…