Филипче: Ниту еден сектор не напредува, погрешните политики на власта ги плаќаат граѓаните
Само СДСМ е тој кој ќе може да се спротивстави на ВМРО–ДПМНЕ и никој друг, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на средбите со граѓани во струмичкиот регион.
“Само ние сме организирана структура, која што сега треба да ги научи грешките од лани, за да излезе на терен и да покаже сила, и енергија, и волја, дека сме ние тука и сме подготвени да се бориме” рече Венко Филипче.
На средбите со граѓаните Ново Село, Василево и Босилово, Филипче посочи дека во ниту еден сектор нема никакви резултати, што е показател за погрешните политики на ВМРО-ДПМНЕ.
“Една работа да најдеме, нема. Во земјоделството? Ништо. Ниту поддршка, ниту зголемени субвенции. Плачат лозари, плачат сточари, производителите на оризот, тутунарите. Во здравството да не зборам. Во образование? Ништо. Какви плати, ги лажат,ќ луѓето – ќе биде до година. Работниците? Ништо. Даваме предлог за платите? Ништо. Цените во плафон. Не можат луѓето да живеат повеќе. За европското прашање да не збориме” , рече Филипче.
Во периодот на СДСМ, како што кажа Филипче немаше ниту една лоша политика, мерките се креираа за граѓаните.
‘Ние немаме лоша политика во ниту еден сектор. Зашто сакате ќе збориме? 300% социјална помош, платите ги зголемивме, дуплирана минималната платата. Во здравство, во образование во стопанството, со цените имавме контрола, кризите ги пребродивме. Ние бевме тука за луѓето, а Владата на ВМРО-ДПМНЕ не е за луѓето тука, не ги интересира.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шпанија во жалост: 69 загинати во судир…
Бројот на загинати во железничката несреќа во…
Студентската листа бара оставки и пријавување на…
Претставници на Студентската листа и на студентите…
Брнабиќ: Претседателските избори ќе ги распишеме до…
Потпретседателката на Главниот одбор на Српската напредна…
(Видео) Масовни протести во Италија: Десетици илјади…
Инспирирани од бранот слични протести низ остатокот…
Карни: Канада ќе учествува во заемот на…
Канадскиот премиер Марк Карни денеска изјави дека…