Филипче од Брисел: СДСМ ќе ја поддржи секоја иницијатива што води кон ЕУ
Евроинтеграцијата не е апстрактен процес – таа значи посилно правосудство, поквалитетно образование и здравство, посоцијално општество, повисок стандард и системска борба против корупцијата. Тоа се барањата на граѓаните, и единствено преку тој процес можат да се остварат, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче во своето обраќање на конференцијата „Започнување на Програмата на С&Д „Вили Брант“ за проширување на ЕУ“, во Брисел.
Како што соопшти Филипче, на конференцијата организирана од сестрински социјалдемократски партии во Европа, побарал поддршка за забрзување на евроинтеграцијата на Македонија.
– Денес, за жал, ние стоиме во место. Гледаме како земјите од регионот напредуваат – Албанија веќе има јасен план за членство до 2030 година – додека Македонија е заглавена. Оваа Влада нема ниту идеја, ниту волја, ниту план како да ја придвижи државата напред. Со секој изминат ден, заостануваме сè повеќе – порачал тој.
СДСМ, како што најави тој, ќе ја поддржи секоја иницијатива што води кон Европската Унија.
– Ќе бидеме дел од секој процес кој значи напредок, развој и подобар живот за граѓаните. Македонија мора да се врати на вистинскиот пат – на патот кон ЕУ. Европските социјалдемократи треба да понудат план за забрзување на проширувањето на ЕУ – порача лидерот на СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…
Единицата за насилен криминал – Одделение за…
Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…
Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…
Порше ѝ го продаде својот удел во…
Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…
Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…
Украина и Канада денеска потпишаа голем број…
Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…
Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…