Филипче од Струмица: Да не оставиме ниту една група граѓани неискомуницирана

t

Неврохирургот Венко Филипче при својата вчерашна посета на Струмица разговараше со членството на СДСМ. При своето обраќање кон нив, тој ги охрабри сопартијците да останат достапни на луѓето и да ги слушнат што имаат да кажат, со цел да му се помогне на секој еден граѓанин.

„Знаете дека јас се јавувам на телефон и после полноќ и во 2, и во 3 сабајле; не само да се сослуша проблемот на граѓаните, туку и да се изнајде соодветно решение. Треба да го правиме тоа што сме го правеле секогаш, а тоа е да комуницираме со луѓето, да не оставиме ниту еден граѓанин, ниту една група на граѓани неискомуницирана“, рече Филипче.

Од позиција на кандидат за пратеник на СДСМ и коалицијата од ИЕ4, тој ги охрабри сопартијците отворено да пристапуваат и разговараат со луѓето за проблемот и за предизвикот којшто го имаат, потенцирајќи дека достапноста за луѓето е нивна и досегашна заедничка одлика.

„Има луѓе и коишто се срамат, такви се по карактер, не сакаат да си ја кажат маката, ама затоа сме ние тука да пристапиме на секој, да прашаме што му треба, каква поддршка, каква помош, луѓето го ценат тоа. А понатаму, добриот збор се шири“, рече поранешниот министер за здравство и кандидат за пратеник, Венко Филипче.

Линк до видео: https://www.facebook.com/reel/417174367568101

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со закана кон вработената ограбил продавница во…

Полициски службеници од СВР Струмица во 01.10…

Седумчлена група од Струмица извршила 10 тешки…

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.А.(24),…

Филипче од Струмица: Да не оставиме ниту…

Неврохирургот Венко Филипче при својата вчерашна посета…

„Борбата за подобра Македонија никогаш не запира“:…

Градоначалнилчката на Град Скопје и лидер на…

(Во живо) Поразително: ВМРО-ДПМНЕ во Струмица има…

Според последните податоци од ажурирањето на членството…