Филипче од јахтата на Заев откри „нова криза“ – селската чешма во Кривогаштани
Денес од одмор на јахтата на Заев во Грција, Венко Филипче смисли нова тема за ширење на хистерија, овој пат за селската чешма со кисела вода во Кривогаштани, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Од владејачката партија додаваат дека ја пуштија СДС со сериозно предупредување бидејќи самопрогласениот „микробиолог“ Венко констатирал со Заев, меѓу две капења, дека селската чешма во Кривогаштани е загадена. Експресно дознале дека е загадена селската чешма, иако претходно како министер за здравство премолче 400 извештаи за загадена вода и не мрдна со прст.
„Посочи дека и за ова е криво ВМРО-ДПМНЕ, зошто сигурни сме дека ако беше на власт СДС од селската чешма во Кривогаштани ќе течеше млеко.
Но, она што е симптоматично и дискутабилно е, впрочем, улогата на СДС во ширењето на дезинформации и паники, и нивното занимавање со хибридни напади.
Лани ова време редовно беа запалени депониите Вардариште и Дрисла. Оваа година нема пожари, затоа што нема локални избори.
Пироманите од СДС се фатија со друга задача“, стои во соопштенито.
Оваа година талогот од СДС се зафати со ширење на нова хистерија – загадена вода на селска чешма во Кривогаштани, откако претходно ширеа хистерија за водата во Скопје и Гостивар, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Додека Филипче се занимава со селската чешма во Кривогаштани, Македонија мора да оди напред и покрај незрелоста на СДС и Венко Филипче, додаваат од патијата
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Најмалку 25 години затвор!“ – газдата на…
„Најмалку 25 години затвор!“ – газдата на…
Распишана МЕЃУНАРОДНА ПОТЕРНИЦА ПО ИВА МИХАИЛОВА
Министерството за внатрешни работи (МВР) распиша централна…
(Видео) КАФЕ ПРЕД „ЛЕКУВАЊЕ“: ИВА МИХАЈЛОВА СНИМЕНА…
Ива Михајлова, за која во медицинската документација…
Папата Лав XIV опериран во Рим, зафатот…
Папата Лав XIV денеска попладне беше успешно…
Утре без струја делови од Карпош и…
Дел од корисниците во скопските општини Карпош…