Филипче: Оставката на Ковачевски е прв чекор кон избор на ново раководство односно почеток на обнова и реорганизација на партијата

t

Стабилизација и обединување на членството, а потоа и враќање на довербата кај сите граѓани се првите чекори кои треба да ги направи новото раководство на СДСМ, вели за Канал 5, д-р Венко Филипче, иден пратеник на СДСМ во парламентот.

Филипче истакнува дека оставката на претседателот на СДСМ, Ковачевски и раководството е прв чекор кон реизбор на ново раководство односно почеток на обнова и реорганизација на партијата.

,,Од суштинско значење е внатрепартиските избори да поминат во најдобар ред и во една демократска постапка да се избере ново раководство кое ќе ја обедини партијата како предуслов за нови успеси”- вели неврохирургот Филипче.

Според него, новото раководство ќе има тешка задача пред себе. Изборниот резултат покажува дека потребно е трпение, чесен пристап и јасна нова стратегија за да се поправат состојбите, вели Филипче.

,,Прва цел треба да биде стабилизација и обединување на членството, а потоа и враќање на довербата кај сите граѓани. Оваа криза е можност да се преиспитаат политиките, начинот на работење и да изникне еден нов СДСМ кој ќе биде силен коректив на власта”- рече идниот пратеник на СДСМ, Венко Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германската агенција за вработување се противи на…

Германската влада планира да ја преполови квотата…

Во Словенија откриена најголема нелегална фабрика за…

Во индустриската зона Тримлини во близина на…

Израел се подготвува за нови напади: Мобилни…

Израелските власти започнале со распоредување мобилни засолништа…

(Видео) „Бугарија е заробена држава од руските…

Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев, четворица поранешни…

Проф. Трајковски: Немам видено пациент/ка со спастична…

Немам видено пациент/ка со спастична параплегија што…