Филипче повторно бара уставни измени
Првиот чекор што треба да се направи за продолжување на европскиот пат се уставните измени, сè друго е лажење на граѓаните, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на конференцијата „Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа“. Филипче нагласи дека процесот е јасен, уставни измени, па потоа следниот чекор е одржување на меѓувладината конференција.
„Првиот чекор што треба да се направи е да се направат уставни измени, и да се случи следната меѓувладина конференција. Тоа е на масата. Ние можеме до утре да дебатираме за вредностите на Европската Унија, за тоа како ќе ги вратиме општествените вредности. Нема да ги вратиме без ова. Ќе биде уште полошо и уште повеќе ќе се иселуваат младите и нема да гледаат шанса тука“, рече Филипче.
Во обраќањето, Филипче потсети дека СДСМ понуди обединување околу националните интереси, но дека за тоа немаше поддршка од ниту една политичка партија.
„Зошто е тој скептицизам? Зошто е стравот? Напишавме предлог-резолуција да се обединиме околу националните интереси, после гласањето на уставните измени нема преговори за било која и да е идентитетска одредница. Ниту една партија не одговори. Од што се плашиме, ако сите седиме заедно на масата за тие работи? Се знае кој е првиот чекор“, рече Филипче.
Тој истакна дека ниту една идентитетска одредница не е загрозена со уставните измени и побара власта јавно да објасни од што точно се плаши.
„Нема ниту една одредница идентитетска која што е загрозена со следниот чекор кој што треба да се направи, а тоа се уставните измени. Еве нека кажат, како внесувањето на малцинството во Уставот го загрозува нашиот идентитет или нешто, било што, што утре е навистина ризик. Владата треба да каже што е тоа од што ние се плашиме“, порача Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче повторно бара уставни измени
Првиот чекор што треба да се направи…
СДСМ: Муцунски се фали со пари кои…
Европската комисија стави на располагање 65,7 милиони…
Израел на работ на предвремени избори
Израел се приближува кон предвремени избори откако…
Рубио ѝ нуди помош на Куба, но…
Марко Рубио испрати порака до кубанскиот народ…
Полицајци од интервентна полиција добиле кривична пријава…
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека…