ФИЛИПЧЕ ПОНУДИ ПОМОШ КАКО ЛЕКАР: Не е време за поделби туку за обединување
Лидерот на СДСМ Венко Филипче понуди помош како лекар за хоспитализираните млади лица повредени во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Вели не е време за поделби туку за обединување.
„Ги повикувам сите институции, здравствените работници, но и целото општество да се обединиме во помошта за настраданите и нивните семејства. Како лекар, стојам на располагање за секој вид помош што можам да ја дадам во оваа тешка ситуација. Сега не е време за поделби, туку за обединување во тагата и во напорите да помогнеме“, напиша Филипче на својот фејбук профил.
СДСМ поради трагедијата во Кочани, во која според досегашните официјални информации загина 51 лице, а 152 се хоспитализирани од кои 18 во критична состојба, ги одложи изборите за претседател на партијата кои беа закажани за денес.
Загинатите се на возраст од 14 до 25 години, од Скопје, Штип, Кочани, Пробиштип, кажа денеска директорката на Болницата во Кочани, д-р Кристина Серафимовска. Директорката кажа дека првиот повик дека има пожар го добиле во 2:48, за 30 минути се екипирала цела болница. Стигнале 70 пациенти, биле со изгореници и со труења од јаглерод моноксид.
Според првичните информации, како што кажа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, пожарот избил поради пиротехнички средства кои се користеле за светлосен ефект на концертот на групата ДНК. Пожарот избувнал на концертот на кој присуствувале околу 1.500 луѓе, по што настанало стампедо за излез.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
„50 пати на улица и во судница,…
Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…
Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да…
Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде…
Шкотските навивачи со донација за децата фудбалери…
Фудбалскиот клуб „Фудбал Старс“ од Кочани доби…
Можете да ја одложувате правдата, но не…
Родителите на загинатите млади во пожарот во…