Филипче: СДСМ се бори за држава што не е ничија приватна сопственост

t

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Кичево посочи дека СДСМ е продолжение на идеалите врз кои е изградена современата македонска држава.

„СДСМ е продолжение на најсветлата традиција на Македонија борбата за слобода, рамноправност и достоинство. Нашите корени се во АСНОМ, во генерациите што ја поставија темелната вредност, државата да биде дом за сите,“ истакна д-р Филипче.

Тој нагласи дека токму сега е време за повторно обединување и консолидација, додавајќи дека борбата на СДСМ е за држава која е заеднички дом, а не приватна сопственост.

„Се бориме за држава што не е ничија приватна сопственост, туку заеднички дом со правила што важат за сите.“

Филипче ја нагласи и суштинската разлика во однос на ВМРО-ДПМНЕ и порача дека „Македонија не се брани со навреди и кавги, со лажни повици за национално обединување, а подземни игри за поделба и дека патриотизмот и достоинството не се злоупотребуваат за политички рејтинг.“

„Достоинството почитувани присутни се брани со силни институции, со сериозен план и со луѓе што искрено мислат добро и на државата и на идните генерации. Се брани со паметна, цврста позиција и со резултати дома: со држава што функционира, со реформирани институции што градат доверба и со економски политики што на прво место ги ставаат граѓанине и нивните проблеми,“ рече лидерот на СДСМ, д-р  Филипче, на граѓанската трибина во Кичево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Муцунски: Работиме на дијалог со Бугарија, за…

Дијалогот што во моментов се води во…

РЕМ покрена нова постапка против телевизијата Информер

Советот на српското Регулаторно тело за електронски…

Народната банка на Србија: Динарот е стабилен,…

Курсот на српскиот динар е стабилен, а…

Белгиската полицијата ќе врши претреси во домовите…

Парламентот на Белгија изгласа контроверзен закон, со…

„Путин нè тестира и нè приближува до…

Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, смета дека…