Филипче: СДСМ ќе мора да помине низ длабока внатрешна реформа

t

Идниот пратеник од СДСМ, Венко Филипче, на „Фејсбук“ „од срце“ им заблагодари на сите кои му ја дадоа поддршката на изборите, на оние кои напорно работеа со мене него и го поддржуваа во кампањата.

Во кампањата ветив конкретни работи и активности кои започнувам да ги реализирам уште веднаш. Започнувам со активности и како претставник на граѓаните во Собранието, но и како член на СДСМ меѓу членовите и симпатизерите. СДСМ во следниот период ќе мора да помине низ длабока внатрешна реформа и реорганизација. Верувам дека набрзо одново ќе победува и ќе го врати достоинството и угледот кој како партија го заслужува. Од поразите секогаш е најважно да се извлечат поуки, само така поразот може да се претвори во победа. Во оваа прилика сакам да им честитам на победниците на изборите и да им посакам успешна работа. СДСМ секогаш ќе биде тука како коректив на владините политики и сите општествени текови, пишува Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓеорѓиевски за ТВ 24: Јавна тајна е…

Орце Ѓеорѓиевски градоначалникот на Кисела вода и…

Детали за апсењето на Врховниот судија Наке…

Синот на поранешниот градоначалник на Ново Село,…

За пари, син со нож му се…

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против…

МВР со детали за аспењето на Георгиев:…

МВР ги соопшти деталите за апсењето на…

За Бајден скандалозно е барањето на Хаг…

Американскиот врв денеска излезе со остра осуда…