Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ економијата е на колена, секој ден има нови негативни економски показатели
Не постои ниту еден економски податок со кој може ВМРО-ДПМНЕ да се пофалат, но затоа немаат проблем да лажат дека сме биле трети, четврти петти, први во Европа, истакна претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа во Кисела Вода.Филипче предупреди дека економијата тоне, и секој ден има поразителни економски податоци
„Економијата е на колена. Денес повторно поразителни податоци, пад на вработените во индустријата. Паднаа странските инвестиции за повеќе од половина, три месеци по ред не се случило до сега да паѓа просечната плата. Инфлацијата е меѓу највисоките во Европа. Минималната плата најниска во Европа“, рече Филипче.
Говорејќи за економската состојба, Филипче посочи дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ за година и пол не направи ништо за државата да напредува.
„Нема ниеден сегмент во кој може да се пофалат дека нешто направиле добро за државата, тоа е вистината со Христијан Мицкоски и со неговите политики.Ова е реалноста. Лажат, манипулираат и трошат пари за себе. А граѓаните остануваат без иднина“, рече Филипче.
Во обраќањето пред граѓаните, Филипче порача дека СДСМ нема да дозволиме ваквата состојба да продолжи, СДСМ се бори и ќе се бори за држава што е дом за сите, а не за мала група луѓе.
„Се бориме за нашиот дом, за достоинствени плати, за пензија што носи мир за пензионерите, за млади што остануваат, за општини што работат за луѓето, што се отворени, чесни и сервис на граѓаните – едноставно дом за секој еден од нас“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Силно невреме во Кочани, градот без електрична…
Невреме проследено со силен ветер и дожд…
„Фолкландските острови се и ќе останат британски“:…
Британската влада денеска соопшти дека Фолкландските Острови…
Израелската армија уби комдандант на Хамас кој…
Командант на Хамас, кој планирал напади, е…
Вечерва во Сурчин убиен 45-годишен маж, познат…
Во Сурчин e брутално убиен човек кој…
Песков: Не гледам причина да се надевам…
Нема видливи основи за подобрување на односите…