Филипче ја обвини Владата за попречување на сексуалното образование
Младите имаат право на научно засновани информации и здравствена заштита, а образовниот систем мора да им помогне да носат одговорни одлуки, беше порачано на младинската трибина на СДММ на тема „Без табуа, со знаење – младите и сексуалното образование“. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, директно ја обвини актуелната Влада дека наметнува политики спротивни на потребите на младите и го ограничува нивниот пристап до едукација за репродуктивното здравје.
„За жал, денес имаме Влада која, како и сè друго во државата, го узурпираше и образовниот систем, креирајќи политики спротивни на потребите на младите. Образованието е важен дел од здравствената превенција и им помага на младите да го разбираат сопственото здравје, да препознаваат ризици и да носат одговорни одлуки“, рече Филипче, нагласувајќи дека образованието мора да се темели на наука и факти.
Најзагрижувачките податоци на трибината ги презентираше доц. д-р Стефан Васев, член на Комисијата за труд и социјална политика и на Европската асоцијација на сексолози. Тој предупреди дека стапката на малолетнички бремености во Македонија за 2024 година изнесува 15,7 на 1.000, што е драстично повисоко од европскиот просек кој изнесува околу 6 на 1.000. Васев како особено алармантен го посочи податокот за евидентиран абортус кај девојче на само 13-годишна возраст, повикувајќи државата да ги следи европските позитивни практики каде ова образование е интегрирано во програмите.
Претседателката на Комисијата за здравство на СДСМ, проф. д-р Ана Данева, се осврна на медицинските придобивки, потенцирајќи дека навремените информации се клучни за превенција на несакани бремености и сексуално преносливи инфекции. Пратеничката Даниела Николова додаде дека целта на сексуалното образование не е да им диктира на младите како да живеат, туку да им помогне да се спознаат себеси, да развијат самосвест и да ги почитуваат сопствените и туѓите граници.
Претседателката на СДММ, Стефанија Кузмановска, порача дека младите не смеат да бидат оставени без одговори на прашања кои директно влијаат врз нивната иднина и безбедност, барајќи знаење наместо табуа. Од трибината беше упатен директен повик до Министерството за образование и наука (МОН) да продолжи со концептот за воведување сексуално образование.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Институциите вршат притисок врз градоначалниците од…
„Имаме 17 градоначалници и сите можни инспекции…
Филипче: За прв пат после 50 години…
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, денеска…
Шести април нов датум за реизбор на…
Според најавите, ќе се дебатираат актуелните политички…
(Видео) Филипче се збогyвaше од функциjaта –…
Досегашниот министер за здравство Венко Филипче во…
Филипче: Успешно извршена операција врз млада пациентка…
„Утрово успешно извршивме операција врз млада пациентка,…