Филипче ќе бара состанок со Мицкоски, премиерот е спремен да седне со него и на полноќ – темата ќе бидат системските слабости

t

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче повика премиерот Христијан Мицкоски на тет-а-тет средба, а потоа и на лидерска средба. Мицкоски пак, му одговори дека е спремен да се сретнат ако треба и на полноќ. Филипче смета дека треба да разговараат по трагедијата во Кочани, бидејќи, според него, системот на многу места не функционира и јавните сервиси немаат перформанс каков граѓаните засложуваат.

„Јас ќе побарам состанок уште денеска или утре согласно агендите да ја организираме таа средба. Сега дадов малку подетално објаснување и се надевам дека кога политичките партии ќе го слушнат ова навистина ќе ја прифатат таа лидерска средба, но добро е прво тоа да го разговараме со премиерот имајќи предвид дека тој прв подаде рака и одговори дека средбата е прифатлива. Навистина не знам што од она што го кажувам како концепт би било неприфатливо или некој не би сакал да разговара кога тоа е констатација на секој еден граѓанин во државата“, рече Филипче.

На ова, одговори Мицкоски.

„Јас во една моја изјава кажав дека ова сериозна тема, а за сериозна тема се седнува и се разговара. Непристојно е преку медиуми да се разговара. Ако има план, подготвен сум да го примам на средба претседателот на СДСМ, за да го образложи планот. Ќе го прераспределам мојот распоред, на полноќ на полноќ, кога треба.. Ако планот има пристап ‘стабри’ (фантом фирма за која ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека била планирана од Заев и Филипче за книжење провизии од кинеските вакцини), тогаш таков план не можам да прифатам“, врати Мицкоски.

Филипче ги оправда револтот и бесот на граѓаните бидејќи, како што рече, она што се нарекуваат реформи и транзиција очигледно не го дале посакуваниот резултат повеќе од три децении наназад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…

Единицата за насилен криминал – Одделение за…

Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…

Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…

Порше ѝ го продаде својот удел во…

Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…

Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…

Украина и Канада денеска потпишаа голем број…

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…