Објавено на:

Филип Талески се сели во Португалија следната сезона

t

Македонскиот ракометен репрезентативен лев бек, Филип Талески, во следната сезона ќе игра за Бенфика од Лисабон, најавуваат португалски медиуми.

Талески е член на Вардар 1961, а Португалците најавуваат оти тој ќе го носи дресот на Орлите во следната сезона. Тренер на Бенфика во 2023/2024 ќе биде Шпанецот Жота Гонзалес, и веројатно на негово барања е да се донесе Талески.

Ако се официјализира трансферот, во следната сезона најголемото португалско дерби ќе биде и македонско, бидејќи голот на Порто го чува нашиот Николче Митревски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ