Филков: Одлуката за мазутот е удар врз довербата, очекувам ОЈО ГОКК да објасни зошто ја запре истрагата

t

Министерот за правда, Игор Филков, упати остра критика по одлуката за запирање на истрагата за набавката на мазут. Според него, ваквиот потег негативно влијае врз перцепцијата на граѓаните за правниот систем во земјава.

Филков смета дека затворањето на предмети со висок јавен интерес без целосна разрешница испраќа погрешна порака до јавноста.

„Одлуката за стопирање на истрагата за набавката на мазут е уште еден удар врз довербата на граѓаните во правосудниот систем. Во време кога јавноста очекува расчистување на сомнежите за милионски криминал и злоупотреби, добиваме порака дека предмети од висок јавен интерес се затвораат без целосна разрешница“, изјави Филков.

Министерот побара итна преиспитување на одлуката и ја повика Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) на транспарентност.

„Очекувам целосна транспарентност од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и јасни одговори врз основа на кои факти и аргументи е донесена ваквата одлука“, нагласи министерот.

Истовремено, Филков побара Советот на јавни обвинители да ја разгледа одговорноста на првиот човек на ова обвинителство, Ислам Абази, за ваквиот исход на истрагата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Влада: Македонија со една од најниските стапки…

Најновите податоци за август покажуваат продолжување на…

МВР ги засили контролите: Приведени 8 лица…

Во текот на изминатото деноноќие, на различни…

Лавров: Вистинската војна со Германија започнува

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Српската академска заедница бара Фон дер Лајен…

Членовите на Академската заедница на Србија денеска…

Груби и Димовски не се чувствуваат виновни…

На поранешниот вицепремиер Артан Груби кој од…