Филков: Поради бојкотот на СДСМ, одложена е седницата на работната група за измени во Изборниот законик
Министерството за правда денеска соопшти дека е одложена четвртата седница на работната група за реформи во изборното законодавство поради отсуство на претставниците на опозицискиот СДСМ, кои претходно најавија дека ќе ја бојкотираат работата на работната група ако власта не се откаже од укинувањето на техничката влада.
Министерот за правда Игор Филков информира дека додека останатите политички партии и институции вклучени во процесот на измени на Изборниот законик доставиле забелешки и коментари по препораките на ОБСЕ/ОДИХР, опозицискиот СДСМ го блокирал процесот од кој зависи кредибилитетот на изборите.
„Она што денес изостана е токму она што е најпотребно – политичка зрелост. Не може да зборуваме за фер и демократски избори, а истовремено да не учествуваме во процесот кој треба да ги обезбеди тие стандарди. Денеска имавме можност да го видиме вистинското лице на, за жал, изгубената политичка партија која со низа погрешни потези водени од тесногради партиски интереси свесно ја блокира реформската агенда и го кочи европскиот напредок на државата. СДСМ избра да не биде дел од процесот кога се носат суштински одлуки“,порача министерот за правда.
Во оваа смисла Филков оцени оти постапките на СДСМ покажуваат дека заложбите на опозициската партија за европската иднина на државата се само декларативни, а дека во реалноста носат срамни и неодговорни политики.
„Со досегашното неодговорно однесување на СДСМ и неучеството во работната група за реформи во изборното законодавство директно се загрозени 4 281 623 евра. А, со блокадата на Законот за јавното обвинителство во Собранието, дополнителни 6 422 623 евра – пари кои и тоа како може да го олеснат реформскиот процес и да ги подобрат состојбите во правосудството за секој наш граѓанин”,рече Филков и порача дека Владата ќе продолжи да работи на реформите со цел обезбедување стабилност, просперитет и владеење на правото.
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, пред неколку дена предупреди дека пратеничката група на СДСМ и коалицијата целосно ќе се повлечат од работната група за Изборниот законик доколку власта не се откаже од укинувањето на техничката влада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филков: Поради бојкотот на СДСМ, одложена е…
Министерството за правда денеска соопшти дека е…
14-годишно момче од Гостивар ја силувал малолетната…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар…
За само три месеци министрите потрошиле над…
Две третини од планираниот буџетски дефицити за…
Автобус прегази жена
На 28.04.2026 во 18:10 часот во СВР…
Повреден работник во каменолом во Куманово
Работник во каменолом во Куманово бил тешко…