Филмски грабеж во ресторан во Софија: Две жени се повредени
Напаѓачи ограбиле елитен ресторан во Софија вчера вечер, две жени се повредени, дознава бугарската телевизија НОВА.
Злосторството било извршено ноќта околу 02:00 часот, откако завршила работата на објектот во центарот на Софија. Двајца мажи облечени во гас-маски упаднале и со спреј испрскале две жени од персоналот кои во тој момент го броеле прометот. Напаѓачите им ги грабнале парите од раце и побегнале.
Украдената сума е околу 24.000 лева. На повредените им била укажана лекарска помош. Се трага по крадците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се проверува авион од Израел на аеродромот…
Авион од Израел слетал во Софија и…
(Видео) Голем протест во Софија по хибридните…
Стотици луѓе протестираа во четвртокот вечерта во…
Два американски воени авиони слетаа на аеродромот…
Два големи американски воени авиони биле забележани…
Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во…
Во тек се подготовките за заминување на…
Нарачал производи, па го ограбил и натепал…
На 05.06.2026 во 22:30 часот во СВР…