Филмски грабеж во Скопје: Украле сеф, па бегајќи со мотоцикл го фрлиле кон полициско возило

t

Полицијата приведе осумнаесетгодишник кој со уште едно лице украле сеф од експозитура. Настанот се случил утрово во 3 часот на подрачјето на Бутел во Скопје.

-Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(18) од Скопје, поради тоа што претходно со уште едно лице со тврд предмет искршиле излог од објект- експозитура на правно лице, по што влегле и одзеле сеф, по што со мотоцикл го напуштиле местото на настанот, велат од МВР.

Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје презеле соодветни мерки и активности и ги лоцирале двете лица додека се движеле со мотоциклот, а кога им се приближиле, едно од лицата го фрлило сефот кон полициското возило.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на другото лице и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нарачал производи, па го ограбил и натепал…

На 05.06.2026 во 22:30 часот во СВР…

20-годишна кумановка ограбена додека чекала автобус во…

Дваесетгодишна девојка од Куманово вчера била ограбена…

Членови на „Пинк Пантер“ уапсени за грабеж…

Двајца осомничени членови на мрежата крадци на…

Ограбена банка во Германија, штетата над десетици…

Крадци во Германија украле имот вреден повеќе…

Следеле, претепале и ограбиле маж кај трговски…

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…