ФИНАЛЕ! Ѓоковиќ го ,,прегази” Алкараз за 90 минути!
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вечерва беше одличен на теренот и го прегази Карлос Алкараз за 90 минути со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-2 за пласман во финале на завршниот турнир во Торино.
Алкараз уште во првиот гем имаше две брејк-топки и никој не очекуваше дека ќе се распадне толку лесно против Србинот, кој во првиот сет направи брејк во осмиот гем (5-3) и потоа сервираше за да го добие сетот со 6-3.
Во вториот сет се водеше поголема борба, а Алкараз повторно пропушти две брејк-топки, а потоа следеа и грешки во седмиот гем (5-2) по кој немаше враќање назад за Шпанецот (2-6).
Ѓоковиќ доби шанса да му се реваншира и на Јаник Синер за поразот во групната фаза, кој за малку скапо ќе го чинеше бидејќи ќе останеше без пласман во нокаут-фазата.
Финалето меѓу Синер и Ѓоковиќ во Торино се игра утре од 18 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…
Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…