Финансиската полиција бара документи за директорувањето на Перински, Мицкоски абер нема

t

Финансиската полиција го истражува работењето на поранешниот директор на ЈП “Водовод и канализација” од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен шеф на кабинет на Мицкоски кој беше фатен “со рачињата во медот”, но Мицкоски абер нема за таквите активности на институциите.

Мицкоски денеска во гостување во “Само интервју” не сакаше да ги коментира наводите за криминални активности на неговиот директор.

Инфомакс претходно неофицијално објави дека финансиската полиција влегла во просториите на претрпијатието од каде биле соберени материјали во врска со работењето на Периснки.

Потврда за отворената постапка од страна на Финансова полиција за Перински добивме и од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска која вчера присуствуваше на потпишувањето на договорот за изградба на пречистителна станица на водите на реката Вардар.

-Aпсолутно да институциите постапуваат и ние треба да оставиме да си ја завршат својата работа токму онака како што сметаа дека треба, вели Арсовска.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го разреши Златко Перински, в.д директорот на Јавното претпријатие Водовод и канализација поради „самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер“.

– Поради обиди за влијание кои се сметаат за тенденција која ги потврдува основаните сомнежи на Град Скопје за самоволие и несоодветно постапување во постапката за избор на изведувач на тендер вреден 136 милиони евра, за изведба на пречистителна станица, Перински е разрешен во петокот на 09.09.2022 година, стоеше во соопштението од кабинетот на Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…

Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…

Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…

Агелер: Воодушевена сум што Мицкоски ќе користи…

Откако мандатарот Христијан Мицкоски изјави дека заклетвата…

ВМРО доби поддршка за реорганизацијата од Ахмети,…

Зијадин Села и неговите пратеници, кои се…