ФИНКИ бара простор, инаку ќе има протести и штрајк

t

Управата на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје бара Владата на Македонија на следната седница да донесе одлука за давање на времено или трајно користење, без надоместок, на на објектот кој се наоѓа на КП бр. 1856, КО Карпош, ИЛ бр. 47924, согласно барањето испратено од факултетот до Владата на 19 мај 2023 година.

Управата на ФИНКИ на вчерашната седница расправаше за односот на Владата и Министерството за образование и наука кон барањето за привремено надминување на просторниот проблем на најголемиот технички факултет во Македонија со повеќе од 5.000 активни студенти.

Факултетот бара Владата на Македонија да го задолжи Министерството за образование и наука во рок од три месеци да обезбеди простор и да изврши релокација на Бирото за развој на образование, како орган на државна управа во состав на МОН.

Ако Владата на следната седница не донесе позитивна одлука по барањето на факултетот, односно ако повторно ја одложи точката која е од суштествено значење за нормално спроведување на наставата на факултетот, ќе бидеме приморани да преземеме порадикални мерки. Факултетот го задржува правото, до остварување на овие барања, јавно да го искажува своето незадоволство со одржување на протести и штрајк“, соопшти ФИНКИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Ние сме единствената држава што води…

„Кога споредуваме, ние мора да споредуваме една…

„Њузмакс“: Администрацијата на Трамп планира удар врз…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира…

САД ЗАПОЧНАА МАСОВЕН ВОЕН ВОЗДУШЕН ТРАНСПОРТ КОН…

Соединетите Американски Држави започнале голема операција за…

ТРАМП ДОБИ ВОЕН БРИФИНГ ЗА НОВ НАПАД…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, 29 октомври,…

ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ АКТЕР ПАТРИК СТЈУАРТ: Ѕвездата на…

) Легендарниот британски актер сер Патрик Стјуарт,…