Финската премиерка ненајавено го посети Киев и се сретна со Зеленски
Премиерката на Финска, Сана Марин, се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски на ненајавено патување во Киев.
Таа, според локалните власти, ги посетила и опустошените украински градови Ирпин и Буча.
Марин била видена облечена во панцир, како оди со службеници и војници.
Премиерката неодамна ја објави историската одлука на Финска да аплицира за членство во НАТО.
Таа има сесрдна поддршка од САД, но Турција се заканува дека ќе ги блокира и Финска и Шведска – обвинувајќи ги нордиските нации дека засолнуваат курдски милитанти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Калас: Украинските напади врз руските рафинерии се…
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна…
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…