Објавено на:

Финска и Шведска влегуваат во НАТО

t

Финска и Шведска планираат да влезат во НАТО на лето, пишува лондонски Тајмс, повикувајќи се на американски извори.

Доколку се остварат овие планови, Финска ќе стане земја со најдолга (1.340 километри) заедничка граница со Русија меѓу членките на НАТО. И Финска и Шведска имаат долги брегови и бројни острови во Балтичкото Море.

Шведска не се приклучи на ниту еден воен сојуз повеќе од 200 години, а Финска строго ја почитуваше неутралноста кон СССР за време на Студената војна, но јавното мислење во двете земји нагло се префрли кон пристапување во НАТО.

И шведскиот весник Афтонбладет минатата недела напиша дека апликацијата на Шведска за членство во НАТО може да биде одобрена до средината на јуни.

Според весникот, Финска и Шведска очекуваат истовремено да влезат во НАТО и тесно да ги координираат своите акции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожар во руска рафинерија

Неколку вагони со нафта се запалија во…

Се стега обрачот околу Мило: Обвинителството во…

Вишото државно обвинителство во Подгорица отвори предмет…

Украина ги повлекува тенковите Абрамс од борба:…

Украина ги повлече од борбата тенковите Абрамс…

Дејли Бист: Здравјето на Кралот Чарлс се…

Извори за американскиот „Дејли Бист“ известуваат дека…