Финска и Шведска се договорија заедно да влезат во НАТО?

t

Финска и Шведска се обврзаа за истовремен влез во НАТО, пренесуваат агенциите повикувајќи се на изјави на премиерите на двете земји по денешната нивна средба во Хелсинки.

Двете скандинавски земји кандидатурите за влез во НАТО ги поднесоа во мај како одговор на руската инвазија на Украина, но се соочија со противење од Турција, која ги обвинува двете земји дека се засолниште за активисти на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК) и други групи.

Нивните апликации за членство ги парафираа сите членки на НАТО освен Турција и Унгарија.

„За нас е многу важно, се разбира, Финска и Шведска да се приклучат на НАТО рака под рака”, им рече на новинарите финската премиерка Сана Марин, додавајќи дека неодамна во Прага со претседателот Реџеп Таип Ердоган разговарала за забелешките на Турција.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон кој минатата седмица стапи на функцијата, за време на посетата на Хелсинки рече дека не е загрижен поради тоа што Шведска заостанува зад Финска во процесот и оти наскоро ќе се сретне со Ердоган во Анкара.

„Сосема е разумно Турција да добие потврда дека Шведска го прави она што се обврза да го направи според договорот”, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уште еден висок полициски функционер во Србија…

Шефот на Службата за борба против организиран…

Расправија меѓу Филипче и Тајко Славевски за…

Во однос на објавената информација со изјавата…

Стуб го демантира „Фајненшел тајмс“ за разговорот…

Финскиот претседател Александар Стуб ги демантираше извештаите…

„Долу диктатурата“: Вечерва во Тирана повторно антивладин…

Во Тирана вечерва повторно се одржа антивладин…

(Видео) ДУИ ја прославува победата во Брвеница

Демократската унија за интеграција (ДУИ), како предводник…