Финскиот претседател бара САД да ја притиснат Турција за да дозволи влез на Шведска и Финска во НАТО
Финскиот претседател, Саули Нинистo, верува дека Финска и Шведска ќе бидат примени во НАТО во јули и порача дека сака САД да ја притиснат Турција да ги одобри барањата за членство што ги поднесоа двете држави.
Нинисте изјави дека доколку се пролонгира решавањето на проблемот, ќе се доведе во прашање целиот процес на приклучување кон воениот сојуз.
Ако прашањето не се реши со средбата во Вилнус, зошто би се случило потоа, изјави Нинистo.
Тој додаде дека некаков договор за време на билатералните преговори меѓу Турција и САД може да има влијание.
Литванија ќе биде домаќин на самитот на НАТО од 11 до 12 јули.
НАТО бара од сите земји-членки да одобрат пристапување на нови земји, а Турција и Унгарија се единствените држави од 30-члената воена алијанса кои формално не го поддржаа приемот на Шведска и Финска.
Официјална Анкара на неодредено време го одложи клучниот состанок во Брисел на кој ќе се разговара за влезот на двете нордиски земји во НАТО.
Нинисте изјави дека одложувањето не е главоболка само за земјите што сакаат да станат членки, туку и за земјите од НАТО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зголемен број на случаи на мали сипаници…
Од почетокот на оваа година во Турција…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…
Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…
Бројот на жртви во поплавите што ги…
Романскиот претседател повика на посилен надзор на…
Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека Црното…
Бугарскиот министер за одбрана: Побаравме од НАТО…
Интензитетот на нападите во Црното Море се…