Објавено на:

Финскиот претседател се сомнева дека спорот на НАТО со Турција ќе биде решен до самитот

t

Финскиот претседател Саули Нинисто изјави дека се сомнева дека спорот со Турција околу приклучувањето на Финска и Шведска во НАТО ќе биде решен пред самитот следната недела во Мадрид.

Говорејќи на прес-конференција со претседателката на Европарламентот, Роберта Мецола, Ниинисто рече дека е напредок и тоа што двете земји преговараат, дури и ако Турција не ја промени својата позиција.

Шведска и Финска кон средината на мај аплицираа за членство во воената алијанса. Турција во моментов е единствената членка на НАТО што го блокира почетокот на процесот на пристапување на двете земји.

Анкара ја оправдува својата позиција велејќи дека Финска и Шведска поддржуваат „терористички организации“ како што е забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија се закани со нуклеарен одговор во…

Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…

По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…

Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…

Силен земјотрес го погоди југоистокот на Турција

Земјотрес со јачина од 5,4 степени е…

Руте ги прозва Европејците: Чекате Америка да…

„Зошто сите повторно се свртуваат кон САД…

Ердоган до Зеленски: Турција е подготвена да…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…