Објавено на:

Фирма регистрирана во Србија за трговија со овошје ја снабдува Русија со делови за ракети

t

Одредени фирми од Србија, основани главно од руски граѓани, служат за лукративно заобиколување на санкциите што ЕУ и САД ги воведоа кон Русија и за набавка на компоненти што се користат за производство на оружје и воена опрема.

Ова меѓудругото во свој текст го наведува реномираниот портал „Балканска безбедносна мрежа“. Според порталот Русија на секој начин се обидува на својата воена индустрија да и обезбеди компоненти од странско производство, што сега е проблем поради санкциите, па затоа се служи со итрина и набавки преку трети земји, меѓу кои и Србија.

„Српските медиуми неодамна објавија дека одредени компании основани од руски граѓани служат за заобиколување на санкциите на ЕУ и САД преку набавка на стоки потребни за воено производство, вклучително и GoodForwarding d.o.o. од Белград. Тие тврдења ги потврдуваат и комерцијално достапните податоци за меѓународната трговија до кои имала пристап Балканската безбедносна мрежа“, пишува порталот и додава дека станува збор за фирма регистрирана во Агенцијата за комерцијални регистри за трговија со овошје и зеленчук.

Во текстот се додава дека оваа компанија е „значаен извор на снабдување“ на Русија со микрочипови и печатени плочи на производители на Далечниот Исток и Запад, неопходни за производство на ракети, беспилотни летала и друго оружје и воена опрема.

Во текстот се наведува дека податоците откриваат дека на крајот на минатата година компанијата имала 42 трансакции со компании од Кина, САД, Тајван, Јапонија, Велика Британија, Јужна Кореја, Малезија и Тајланд чии компоненти потоа биле извезени во Русија.

Порталот додава дека ваквите активности претставуваат потенцијално кршење на голем број меѓународни санкции и договори и дека бизнисот од ваков карактер е во спротивност со официјалната политика на Србија.

„Иако Белград не воведе рестриктивни мерки против Русија, Владата на Србија информира дека нема да дозволи таа да биде платформа за заобиколување на меѓународните санкции“, се вели во текстот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…

Косово разоткри и обвини српски шпион на…

Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против…

Пожари и натаму беснеат во пет општини…

Пожари и денеска се активни во пет…

Пополека ја губиме војната, има уште неколку…

Украина се чини дека полека ја губи…

Биткоинот повторно отиде над 80.000 долари

Биткоинот скокна над 80.000 долари во вторник,…