Објавено на:

ФИФА отвори истрага против Аргентина

t

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) започна истрага против Аргентина во врска со серијата инциденти што се случија по финалето на Светското првенство, јавија вечерва британските и шпанските медиуми.

Според истите извори, ФИФА ќе го анализира судискиот извештај, како и снимките од финалето меѓу Шпанија и Аргентина пред да одлучи дали ќе преземе соодветни санкции.

Истрагата ќе се фокусира на неколку инциденти што се случија по последниот судиски свиреж, во кои беа инволвирани аргентинските репрезентативци Леандро Паредес и Науел Молина, како и аргентинскиот помошник селектор Роберто Ајала.

ФИФА, исто така, ќе го истражи однесувањето на аргентинската репрезентација за време на церемонијата на доделување на медалите, откако дел од аргентинските фудбалери го свртеа грбот додека шпанските фудбалери го креваа победничкиот трофеј.

Истрагата за инцидентите на стадионот „МетЛајф“ доаѓа по веста дека ФИФА веќе започнала истрага за случајот во кој неколку аргентинските фудбалери по полуфиналето против Англија, позираа на теренот со транспарент на кој пишуваше: „Фолкландските острови се аргентински“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФИФА отвори истрага против Аргентина

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) започна истрага против…

Еве што пиеле гостиварчани – Во водата…

Врз основа на официјалното соопштение на Обвинителството,…

(Видео) Бизон фрли турист два и пол…

Маж во САД закрепнува од повеќекратни скршеници…

Црна Гора го отвори големиот буџетски спор…

Црна Гора е мала земја со околу…

Паразит откриен во зелена салата: Над 140…

Американските здравствени власти потврдија дека примерок од…