Фицо: Зеленски патува низ Европа и само проси и уценува, веќе сум уморен од тоа
Словачкиот премиер Роберт Фицо остро ја критикуваше Украина како несигурен партнер и порача дека е уморен од нејзиниот претседател Володимир Зеленски кој патува низ Европа постојано „молејќи и уценувајќи“.
Фицо ова го кажа во говор во собраниска комисија, а видеото го објави на својата Фејсбук страница.
Словачката опозиција свика седница на парламентарната комисија и побара Фицо да ја објасни средбата со претседателот на Русија, Владимир Путин и да каже кои се следните чекори на Словачка во однос на прекинот на транзитот на рускиот гас преку Украина.
Фицо изјави дека се подготвени две решенија за транзит на гас од Украина во Словачка, со кои наводно се согласил и украинскиот премиер Денис Шмихал.
Еден од нив требаше да биде договор меѓу Русија и Азербејџан, што ќе и овозможи на Словачка да добива гас од Азербејџан, но Фицо рече дека Зеленски го нарушил тој договор.
Втората опција е предлогот матичната компанија СПП да основа подружница на руско-украинската граница, за да може гасот да се транспортира до Словачка преку Украина.
Фицо го нарече украинскиот претседател несигурен и не ги почитува договорите и рече дека му е „дојден преку глава“.
Зеленски само оди низ Европа, само проси и уценува барајќи пари. Едноставно мора да престане“, рече тој.
Тој додаде дека од друга страна, Русија отсекогаш била сигурен партнер во снабдувањето со енергенси.
За разлика од Украина, Русија никогаш не не измами. Се сеќавам на ситуацијата во 2009 година кога бев во Украина и побарав од украинската премиерка Јулија Тимошенко да ни даде малку гас од резервоарот во западниот дел на Украина и тогаш ми беше кажано да одам по ѓаволите. Тоа се типичните Украинци“, изјави Фицо.
FacebookTwitterCopy LinkShare
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…