Фицо на средба со Маск: САД не сакаат да се мешаат во внатрешните работи на другите земји

t

– Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска разговараше со шефот на американското Министерство за ефикасност на владата (ДОГЕ) Илон Маск за затворањето на американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), кој му рече дека САД не сакаат парите на нивните даночни обврзници да се користат за мешање во внатрешните работи на други земји.

„Задоволство ми е да ве информирам за средбата со главниот претставник на Одделот за владина ефикасност, добро познатиот мултимилијардер Илон Маск… Разговаравме за затворањето на УСАИД, американската агенција која одвои доста средства за невладини организации и медиуми во Словачка“, рече Фицо во видео објавено на Фејсбук по средбата со Маск во Вашингтон.

Словачкиот премиер додаде дека „антивладините медиуми и разни антивладини организации“ потоа тие пари ги користеле за своите активности против Владата на Словачка.

„Маск не увери дека таа ера е завршена, и дека администрацијата на новиот американски претседател не е заинтересирана преку американски пари да се меша во внатрешните работи на другите земји“, рече Фицо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Моментот на пукањето во словачкиот…

Словачкиот премиер Роберт Фицо попладнево е ранет…

Фицо пренесен во Банска Бистрица, нема време…

Животот на словачкиот премиер Роберт Фицо е…

Фицо: Политиките на ЕУ се деструктивни за…

Словачкиот премиер Роберт Фицо вети дека ќе…

Словачкиот премиер ја запре комуникацијата со четири…

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска ја прекина…

Новата словачка Влада најавува нови даноци

Новата словачка Влада планира да ги зголеми…