Фицо пренесен во Банска Бистрица, нема време за лет до Братислава!
Животот на словачкиот премиер Роберт Фицо е во опасност откако е ранет во пукање по седницата на Владата што се одржа во градот Хандлова, на околу 150 километри североисточно од Братислава, објавено е на официјалниот профил на Фицо на социјалните мрежи. Се додава дека со хеликоптер бил префрлен во болницата во Банска Бистрица.
Фицо беше застрелан попладнево кога по средбата излегол да ги поздрави насобраните граѓани.
„Фицо беше застрелан неколку пати и во моментов е во животна опасност. Тој беше пренесен со хеликоптер во блиската Банска Бистрица, бидејќи ќе требаше предолго да стигне до Братислава поради потребата од итна операција. Следните неколку часови се клучни“, се вели на профилот на Фицо на социјалните мрежи.

Словачките медиуми објавија дека атентаторот (71) е уапсен и дека е од градот Левица во Словачка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од денеска директна авиолинија Охрид-Братислава, а од…
Од денеска граѓаните ќе можат директно да…
Драма во битолското село Бистрица: Директорката на…
Вистинска драма се одвивала денеска во канцеларијата…
(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Моментот на пукањето во словачкиот…
Словачкиот премиер Роберт Фицо попладнево е ранет…
Фицо пренесен во Банска Бистрица, нема време…
Животот на словачкиот премиер Роберт Фицо е…
Фицо: Политиките на ЕУ се деструктивни за…
Словачкиот премиер Роберт Фицо вети дека ќе…