Словачкиот премиер ја запре комуникацијата со четири медиуми поради невистиното информирање

t

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска ја прекина комуникацијата со четири водечки медиуми откако ги обвини дека не известуваат вистинито.

Фицо минатиот месец стана премиер по четврти пат, предводејќи ја левичарско-националистичката коалиција по изборите на кои ги нападна либералните политичари, западните сојузници на Словачка и медиумите кои го критикуваат него и неговата партија СМЕР.

Тој поднесе оставка пред пет години поради големите улични протести за убиството на новинарот Јан Куцијак, кој истражуваше политичка корупција.

Фицо денеска рече дека весникот и онлајн порталите за вести Dennik N, Aktuality.sk – во кои работел Куцијак – како и SME и TV Markiza, „не ја исполниле обврската“ за вистинито, целосно и навременио информирање од формирањето на неговата нова влада.

„Се додека споменатите медиуми не почнат да ги исполнуваат законските обврски, премиерот Фицо прекинува секаква комуникација со нив“, се наведува во соопштението од владиниот кабинет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силјановска: Нашиот пат кон ЕУ е многу…

Во рамките на официјалната посета на Република…

Пелегрини – Сиљановска: Западен Балкан не смее…

Словачка ја поддржува европската перспектива на Македонија…

Сиљановска-Давкова во официјална посета на Словачка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во официјална…

Македонија ја декласира Словачка и се доближи…

Ракометната репрезентација на Македонија направи огромен чекор…

(Видео) Фицо со повик за обновување на…

Словачкиот премиер Роберт Фицо, единствениот лидер од…