Фицо: Украина ќе ја поделат како Чехословачка
Украина ќе изгуби третина од својата територија во конфликтот со Русија и нема да чека САД и нивните сојузници да ја поканат во НАТО, изјави премиерот на Словачка Роберт Фицо, пренесува Спутник.
Според него, Западот ќе ја жртвува Украина по нејзиниот неуспех, а тие би можеле да ја поделат земјата како Чехословачка во 1938 година.
„Мислам дека Украина ќе изгуби една третина од својата територија, но ќе и бидат понудени безбедносни гаранции, на пример присуство на странски војници“, рече Фицо во интервју за бразилскиот весник „Фолха де Сао Паоло“.
Како што истакна, решението на конфликтот во Украина може да биде само прекин на огнот и започнување на преговарачкиот процес.
„Украина дозволи да биде вовлечена во таква приказна која не може да заврши добро за земјата. Ќе ја изгуби својата територија и нема да биде поканета во НАТО“, изјави Фицо и додаде дека секој што е барем малку реален нека признае дека Русија никогаш нема да се повлече од Крим, ДНР и ЛНР.
Тој рече дека никогаш нема да го поддржи влезот на Украина во НАТО додека е премиер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Путин сака договор за завршување на…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва изјави дека…
Директорот на ЦИА презема поголема улога во…
Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА)…
Руте: Сојузниците на Украина немаат избор освен…
Сојузниците на Украина немаат друг избор освен…
Фон дер Лајен: Украина ќе може да…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Украински разузнавачи: „Руските ресурси за војна може…
Руските ресурси за војна може да ѝ…