ФК Вардар: Бараме итна смена на комесарот за делегирање и воведување на ВАР!
„Со оглед на многуте гласни коментари на повеќето клубови од Првата и Втората фудбалска лига, ние како ФК Вардар започнуваме иницијатива за ИТНА смена на комесарот за делегирање на судии, Марјан Ристески.
Воедно како клуб за неуспесите и поразите вината прво ја гледаме во сопствените редови, но по консултација со стручни лица и со оглед на фактите од изминатите тринаесет кола, може да се констатира дека Вардар е најоштетен во однос на судиските грешки. Ние никогаш јавно не излеговме со соопштенија и реакции за разлика од други клубови кои со мизерни реакции се обидуваат да ги негираат нашите победи.
Ние како клуб оставаме на телата и органите на ФФМ да си ја работат работата и да ја покажат својата стручност околу грешките и спорните моменти.
Поради ова бараме и од останатите клубови поддршка на оваа иницијатива за ИТНА смена на комесарот за делегирање на судии и радикални ставови на сите клубови за воведување на ВАР технологија за следната сезона.
Промената на раководството на судската асоцијација, поточно барањето за разрешување на Марјан Ристески, се припишува на неколку фактори, вклучувајќи ги проблемите кои гласно ги посочуваат клубовите од македонскиот шампионат по секое натпреварувачко коло и потребата за иновации од организацијата. Промените се бараат за поголема усогласеност со промената кон поголема транспарентност и одговорност, вкучувајќи значително учество на членовите во изборот на наследник кој ќе го води со фокус на модернизирање и зајакнување на судискиот систем“, напишаа од ФК Вардар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САЈБЕРНАПАДИТЕ СТИГНАА ДО Г7: Тајани бара заеднички…
Министрите за надворешни работи на Г7 ќе…
Македонската атлетичарка Митевска осма во финалето на…
Младата македонска атлетичарка Ева Митевска го освои…
Кој е Јово Бакиќ, претендентот за нов…
ово Бакиќ, професор по социологија и долгогодишен…
Син-монструм: Ги нападнал своите родители и им…
На 07.11.2026 околу 11:00 часот во СВР…
ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО ВАШИНГТОН: Републиканците се свртуваат…
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет се…