Објавено на:

ОД СИТЕ СТРАНИ ПОДДРШКА: ФК Вардар бара повеќе од предвидените 1500 билети за своите навивачи – собир ќе има и во Росоман, неготинчани најавија голема поддршка за Вардар

t

ФК Вардар во недела го игра најважниот натпревар оваа сезона. Четата на Бобан Грнчаров во Кавадарци во недела ќе бијат фудбалска битка со ФК Скопје за влез во Првата фудбалска лига на Македонија по пауза од две години.

ФФМ одлучи овој натпревар да се игра во Кавадарци, па автоматски и на двете екипи им следуваат по 50 отсто билети од капацитетот на стадионот. Според последните информации ФК Вардар ќе добие 1500 билети да им ги подедли на своите навивачи, меѓутоа поради важноста и мобилноста на навивачите на Вардар, тие бараат многу повеќе од предвидените билети, што би требало и да ги добијат, бидејќи ФК Скопје нема голема маса на свои поддржувачи кои би пристигнале во Кавадарци.

Едно е јасно, пред Вардар стои момент на одлука. Или враќање во Прва лига, или уште поголеми проблеми и останување во понизок ранг. Секако, во Кавадарци ќе бидат помогнати и од армијата навивачи, која ќе ја има од сите градови, па собир ќе има и во Росоман, а се најавуваат и голем број навивачи да пристигнат од Неготино, градот кој секогаш навивал за ,,црвено – црните”.

Инаку, дуелот на Вардар и Скопје се игра во недела од 17 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…

Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…

Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…

Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…

Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…

Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…

Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…

Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…

Големо признание за Тамара Котевска – гран…

Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…